Римската држава била создадена на Апениндкиот Полуостров.
Во стариот век овде живееле многу народи и племиња од кој попознати биле
Галите, Етрурците, Италите, Латините, Семитите. За едни од најстарите жители се
сметале Етрурците, додека значајна улога во развојот на Рим имале Латините.
Меѓу градовите кој се наоѓале во областа Лациј посебно место имал градот Рим. Се
наоѓал на погодна местоположба, што му овозможувало водечка улога меѓу
латинские градови. Сместен бил на седум ритчиња кој лесно се обединиле да се
бранат. Според една легенда, градот бил основан од браќата Ромул и Рем во 753
година пред нашата ера, но според
археолошките податоци настанал околу X век пред н.е. Во најстариот период Рим имал родовско
уредување. Имало родови на чело со патер. Десет рода сочинувале
братство(курија), додека десет братства сочивувале едно племе(триба). Населението
во Рим се делело на патриции, плебејци и робови. Патрициите биле припадници на најстарото
население во Рим. Го сочинувале Римскиот народ и имале политички права. Од
нивните редови биле избирани конзулите и сенаторите. Плебејците биле најбројни
и се сметале за доселеници во Рим. Тие биле слободни но немале политички права.
Постоеле повеќе видови на робови: државни, селски, градски робови и гладијатори.
Кралски
период од 753-509 г. пред н.е.
Во најстарито период со Рим управувал крал. Тоа било
кралскиот периот кој треаел од 753-509г. пред н.е. должноста на кралот била да
ја предводи војстака, да биде врховен судија и свештеник. Исто така имало и
народно собрание кое го сочинувале сите полнолетни мажи и војници, и сенат што
го сочинувале старешините на најбогатите и најугледни родови.
Според традицијата постоеле седум кралеви. Нив ги избирал
сенатот и народното собрание. Тоа биле кралевите Ромул, Нума Помпилиј, Тул
Хостилиј, Анко Марциј, Тарквиниј I, Сервиј Тулиј и Тарквиниј II Гордиот. Последните
три кралеви биле етрурски, бидејќи во 7 век пред н.е. Лациј бил освоен од
Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509
год. Пред н.е го симнале од престолот и го протерале последниот крал Тарквиниј
Гордиот и прогласиле република.
Римска република 509-30г пред н.е
Републиката
била богата, моќна и стабилна. Од V до III век римската војска го завладеала Апенинскиот Полуостров(териториите на кој
живееле Етрурците, Средна Италија и хеленистичките колонии во Јужна Италија) и
почнала да освојува и надвор од него. Значаен период за Рим биле Пунските војни
кој се воделе од 264 до 146г. пред н.е. Со освојувањето на Картагина
реализирана била идејата за превласт на западниот дел на Средоземното Море.
Паралелно со ова се воделе и војни за освојување на Балканскиот Полуостров и
Блискиот Исток. Потчинети биле Македонците и Илирите во 168г. пред н.е., а во
148г. пред н.е. и Хелените. Биле освоени и Мала Азија, Сирија и Палестина, а
освојувачкиот поход завршил со освојувањето на Египет. Со освојувачките војни на римската држава
нагло се зголемил бројот на робовите. Од нив најтешка била положбата на гладијаторите коишто биле специјално
обучувани за меѓусебни борби или за борби со диви ѕверови во арената заради
задоволување и забава на публиката.
Востанието
на Спартак
Незадоволни од својата тешка положба, робовите во
римската држава често се кревале на востанија. Римската власт ги задушувала
овие востанија и сурово ги казнувала робовите-востаници. Најпознато и најголемо
било востанието под водство на Спартак, во првиот век пред н.е. Спартак бил
гладијатор. Со уште седумдесетина робови-гладијатори, тој успеал да избега и да
се засолни на планината Везув. На востаниците почнале да им се приклучуваат
голем број робови и селани. Под водството на Спартак, востаниците успеале
неколку пати да ја победат римската војска. Востанието се раширило и во
северниот и јужниот дел на Апенинскиот Полуостров. Но, востаниците не биле
сложни и единствени. Еден дел од нив се одвоиле од Спартак. Римјаните успеале
лесно да ги победат разединетите востаници. Во решавачката битка, што се
одиграла во Јужна Италија, востаниците биле поразени.
Римски
триумвирати
Поради слабеење на републиката единствен спас се гледало
во командантите на војската. Поради ова во 60 години тројца команданти се обединиле
за да воспостават ред. Бил создаден таен триумвират од страна на Гај Јулиј Цезар, Гнеј Помпеј и Лициниј Крас.
Во воен поход Крас загинал, Помпеј сакал да ја земе власта во свој раце и за
таа цел дошол во судир со Цезар. Цезар го победил Помпеј и завладеал со Рим,
бил убиен во 44 година пр.н.е. Вториот триумвират бил склучен во 43 год.
пр.н.е. помеѓу Марко Антониј, Емилиј Липид и Октавијан Август. Октавијан го
убил Липид и почнал војна со Антониј. Со доаѓањето на власт од страна на
Октавијан дошол крај на Римската Република и почеток на Римското Царство.
Римско царство 27г.пред н.е-476г.н.е
Октавијан
Август владеел до 14 година од н.е. Неговото владеење е познато како принципат.
Тој ги обединил титулите император, принцепс и август и ги задржал
републиканските органи на власта. Октавијан август се смета за една од најважните личности
во историјата на Римската империја. Тој создал еден нов облик на управување во
внатрешноста на империјата, кое се задржало во следните триста години. Тој ја
вратил власта на римскиот Сенат, но во исто време ја зачувал својата
автократична позиција. Постепено го разработил принципот со кој со републиката
владее едноличен владител. Наследен е од Тибериј. За време на владеењето на Нерон царството западнало во
нова криза. Тој исто така вовел и тирански режим. Стабилизирање имало за време
на владеењето на Трајан воедно и територијално проширување. Диоклецијан
титулата принцепс ја заменил со доминус и неговото владеење е познат како
доминат. Тоа траело два века и во неговото владеење сенатот изгубил секаква
важност. Поради ретките походи, ниските плати на војниците, малиот број на
рободите и многу други причини дошло до спабеење на царството. За време на
Теодосиј I во 395 година царството било поделено на: Источно Римско Царство со
престолнина-Константинопол, Западно Римско Царство со престолнина-Рим. Западното Царство подлегнало на голем број
напади. Водичот на Осроготите, Одоакар во 476г го освоил Рим и го симнал од
престол Ромул Августул со што доаѓа крајот на Римското Царство.
Религијата
за време на Римската република
За време на Римската република, постоел строг систем на
свештенички функции под водство на Колегијатот на Понтифите, на чие чело стоел
Понтифекс максимус кој бил главата на религијата. Фламените се грижеле за
култовите кон разните богови, додека авгурите биле оние кои ги гледале предзнаците.
Како што римјаните сè повеќе контактирале со грците, нивното влијание пончнало
сè повеќе да се чувствува. Старите римски богови се поистоветувале со некој од
грчките богови. Бжественоста на императорот и култот околу него биле важен дел
од римската религија
No comments:
Post a Comment